Фејсбук го менува името? Основачот планира да ја ребрендира компанијата!

Сподели со своите пријатели

Основачот и директор на Фејсбук, Марк Закерберг, се очекува да ја ребрендира компанијата под ново име следната недела.

Loading...

Како што објави веб – страницата „Verge“, повикувајќи се на извор кој има директно знаење, гигантот на социјалните мрежи, Фејсбук, планира официјално да го објави следната недела на годишната конференција на компанијата на 28 октомври.

 

 

Според британски „Гардијан“, тоа ќе биде слично на „Гугл“, кој го смени името на компанијата чадор во „Алфабет“.

Ребрендирањето најверојатно ќе го позиционира „Фејсбук“ како компанија – чадор со бројни апликации во него, како што се „Инстаграм“, „Воцап“, „Окулус“.

 

Loading...

 

Потенцијалното ребрендирање доаѓа во време кога Фејсбук е под голем притисок поради појавата на проблематичарот Френсис Хојген, кој пред американскиот Конгрес рече дека компанијата „ги става астрономските профити пред интересите на луѓето“, наштетувајќи на децата и дестабилизирајќи ги демократските режими ширум светот.

Гардијан се обиде да ја потврди оваа информација, но портпаролот на Фејсбук рече дека компанијата „не ги коментира гласините“.