ФБИ упадна на островот на педофилот милијардер Епстејн (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Агенти на американското ФБИ извршија претрес на приватниот остров на неодамна починатиот милијардер педофил Џефри Епстајн, во рамките на истрагата која продолжува и по неговата смрт.

Loading...

Голем број агенти го чешлале островот Литл сент Џејмс, во медиумите познат како „Остров на оргии“ или „Педофилски остров“. Агентите се движеле на островот во автомобили за голф, а имало и нуркачи. Други агенти процесот го набљудувале од луксузната вила на Епстејн.

Инаку, Епстејн островот го купил во 1998 година за 8 милиони долари, а припаѓа на Дветствените острови.

Се смета дека милијардерот токму на овој остров одржувал забави на кои тој, но и негови богати гости, припадници на американската елита, искористувале малолетни сексуални робови. Некои од нив имале само 14 години.

Поранешен вработен рекол дека видувал и модели на Викторија сикрет, а дека меѓу елитните гости бил и милијардерот Лес Векснер, кој на Епстејн му ја продал луксузната вила на Менхетен во деведесетите години, а сега го обвинува дека го украл.

https://youtu.be/W92dnkrgvC0

Според изворот кога Епстејн бил на островот, девојките се сончале топлес или голи покрај базенот, а тој шетал по островот во лежерно издание. Островот го посетувал до три пати месечно, по три до четири дена.

Сепак, овој вработен мисли дека девојките имале повеќе од 18 години, иако поранешниот контролот на лет на аеродромот на овој приватен остров тврди поинаку.

– Во повеќе наврати го видував Епстајн како излегува од хеликоптерот, стои пред мојата кула и го полни приватниот авион со деца – девојчиња. Еден од настаните особено ми остана во сеќавање затоа што девојчињата беа многу млади. Немаа повеќе од 16 години, раскажал тој.

Loading...

Други вработени не се огалсуваат, затоа што, тврдат дека потпишале договори за тајност.

Една од жртвите, вирџинија Робертс Џуфре, сведочела пред судот дека учествувала во оргии со Епстајн и неговите гости. Рекла дека таму го видела и поранешиот претседател Бил Клинтон, но дека не спиел со неа ниту го видела дека има сексуални односи со некоја девојка.

Портпаролот на Клинтон негира дека тој некогаш бил на споменатиот остров, меѓутоа, новинарката Кончита Сарноф тврди дека според дневниците на летот, Клинтон патувал најмалку 27 пати со приватниот авион на милијардерот.

Епстејн во 2016 година за 18 милиони долари го купил и соседиот поголем остров Грејт сент Џејмс, седум години откако изглегол од затвор на условна слобода.

Осуден бил на 18 месеци (од кои одлежал 13) за подведување малолетнички во 2008 година, во рамки на неверојатна вонсудска спогодба која занемарила поголем дел од злосторствата кои ги направил, а поради кои му се заканувала доживотна затворска казна.

Leave a Reply