ФБИ длабоко загрижен за она што Трамп сака да го објави

Сподели со своите пријатели

Американското Федарално Истражно Биро (ФБИ) изрази дека сериозна загриженост во врска со точноста на доверливиот меморанум за истрагата на наводните мешања на Русија во претседателските избори во САД од 2016 година, кои претседателот Доналд Трамп сака да ги објави во јавноста.

АП забележува дека тоа е прв јавен коментар на ФБИ за меморандумот на четири страници, чиј нацрт го изработиле републиканците во извештајниот одбро на Претставничкиот дом на САД, а кој ги подели Министерството за правда и Белата куќа.

Во соопштението, ФБИ наведува дека е дадена ограничена можност да се прегледа меморандумот. Тврдат дека важни факти се изоставени во меморандумот.

– Сериозно сме загрижени поради материјалните пропусти на фактите, кои суштински влијаат на точноста на меморандумот, се наведува во соопштението на ФБИ.

Соопштението следи неколку часа, откако слушнале дека Трамп на републикански пратеник му рекол дека е „100 отсто“ за објавување на овој документ.

Како што вчера објави Гласот на Америка, Одборот за разузнавачки прашања на Претставничкиот дом гласал по партиска линија и мнозински одлучил да се објави републиканскиот меморандум, кој покажува дека во Министерството за правда постои наводна пристрасност и предрасуди против претседателот Трамп.

Во меморандумот, кој го составил претседавачаот на одборот, Девин Нуњес, се наведува дека ФБИ го злоупотребил законот за надзор на странските разузнавачки служни, така што го користел на неприкладен начин за да дојде до налози за прислушување, ослонувајќи се на непроверени досиеја на Трамп и Русија, кои ги составил агент на биратнската разузнавачка служба Кристофер Стил.

Некои републиканци кои го прочитале меморандумот наговестуваат дека содржи информации кои би можеле да ја пореметат, па и стопираат, целата истрага на специјалниот обвинител Роберт Малер за наводното мешање на Русија во претседателските избори во САД.

Меѓутоа, документот нема веднаш да биде објавен.

Според законот, претседателот има пет дена да дозволи јавно објавување или да му се спротивстави.

Белата куќа повеќе пати наговести дека претседателот се залага за објавување на меморандумот, додава „Гласот на Америка“.