Фајзер започна испитување вакцина против омикрон

Сподели со своите пријатели

Компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ започнаа клиничко испитување на вакцината против сојот омикрон.

Loading...

Студијата ќе ја процени безбедноста, подносливоста и нивото на имунолошкиот одговор, а повеќе од 1.400 луѓе беа вклучени во студијата, пренесува Ројтерс.

„Иако постојните истражувања и податоци покажуваат дека бустер дозите на вакцината продолжуваат да обезбедуваат високо ниво на заштита од тешка болест и хоспитализација, ја препознавме потребата од нова вакцина во случај оваа заштита да ослабне со текот на времето и потенцијално да помогне во решавањето на проблемот кој го зададе омикрон или можни нови соеви во иднина“, се вели во соопштението на високиот потпретседател на компанијата „Фајзер“ и раководител на одделот за истражување и развој на вакцини.

Вакцината специјално направена против омикрон ќе се администрира во доза од 30 микрограми, исто како и сегашната вакцина.