Facebook Messenger ја воведе опцијата за бришење испратени пораки

Сподели со своите пријатели

Минатата година Facebook беше фатен како брише пораки кои се веќе испратени од страна на Марк Зукерберг, на Facebook Messenger платформата. Компанијата потоа вети дека истата функција ќе им ја овозможи на сите корисници. Ова сега и конечно се случи, а новата „unsend“ функција пристига глобално за сите.

Loading...

Опцијата ќе овозможи отстранување на случајно испратени пораки, така што тие не одат во разговорот и можат да бидат избришани засекогаш. Корисниците ќе мора брзо да реагираат затоа што враќањето на пораката ќе биде овозможено само во првите 10 минути од нивното праѓање.

Доколку се одлучиле да ја отстраните пораката, потребно е да изберете „Remove for Everyone“ во опциите за пораки. Отстранувањето ќе биде заменето со известување за сите во разговорот, дека пораката е избришана. Ова важи и за разговори еден на еден, како и за групни разговори.

Leave a Reply