Фабрика за производство на бетонски елементи, најави Димитриевски (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Формирање на фабрика за производство на бетонски елементи, која ќе биде во граѓанска сопственост на Општина Куманово, најави кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски на мини митингот кој вечерва се одржа во населбата Карпош.

 

Loading...

 

Како што рече Димитриевски, средствата кои општината ќе ги собира од граѓаните во Буџетот ќе бидат рамномерно распределени за развој на руралните и урбаните предели на Куманово, а за тоа во што ќе се инвестира ќе одлучуваат самите граѓаните преку граѓанскиот концепт на буџетирање.

Освен фабриката за бетон, Димитреивски најави и помош нод Владата за повеќе капитални инвестиции во градот.

– Од овде најавувам дека ќе отвориме заедно фабрика за производство на бетонски елементи во наша граѓанска сопственост, со наши пари, со наш бетон ќе го поплочиме Куманово и целата инфраструктура во Куманово. Ќе побараме помош од Владата да влезе во капитална инвестиција и изградба на цевковод од Куманово до Липково со должина од 18,5 километри и еднаш засекогаш да го решиме историскиот проблем со водоснабдување на Куманово, но немаме намера да застанеме тука, ќе влеземе и во нова реална инвестиција на развојната индустриска зона Речица каде ќе побараме начин и средства да ги вработуваме младите луѓе, а не да одат во бел свет, затоа што тоа ни се случува 11 години, рече Димитреивски.

 

 

Тој ги повика своите противници од ВМРО-ДПМНЕ да се откажат, затоа што 11 години не го спомнале името на Куманово на говорницата во парламентот.

– Се што е направено во Куманово е направено благодарение на граѓаните и политиките на СДСМ, тука ја земавме договорноста пред 27 години и ќе продолжиме понатаму заедно да го градиме наше просперитетно и достоинствено Куманово, порача Димитриевски кој ги повика присутните во недела заедно да ја слават победата на градскиот плоштад.

 

Loading...

 

Пред присутните освен кандидатите за советници, се обрати и носителот на листата, Атина Мургашанска која порача дека парите на граѓаните ќе се распределат онаму каде се најпотребни.

– Ќе ги распроедуваме за да имаме поуредено Куманово, плански, урбанистички, со инфраструктурни проекти како што доликува на најголемата општина во Република Македонија. Да ни биде убаво и зелено како што доликува на најголемата општина во Североисточниот регион, кој е полн со реки, со планини, но се уште недоволно хортикултурно уреден, но тоа ќе го промениме. Имаме концепт и визија за сите, од најмалите, до највозрасните како да ги реновираме нашите училишта и градинки, имаме план да изградиме нови и да изградиме простори каде младите ќе творат и ќе се забавуваат со цел Куманово да го добие епитетот модерна општина во која младите ќе сакаат да останат, порача Мургашанска.

 

 

Кандидатите ги повикаа присутните да го дадат својот глас за Коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ, а најавија и убедлива победа на изборите во недела.