06.08.2019 10:45

Ежови во „занес“ станаа проблем на цела држава


Итните служби во Германија во последно време се преплавени со пријави од луѓе кои се жалат на необична бучава која често ги вознемирува.

Германците, се почесто се јавуваат на бројот 110 и изнесуваат жалби кои обично одат на адреса на нивните соседи кои „многу гласно водат љубов“ или држат многу гласни домашни миленици.

loading...

Но, она што во последно време најмногу ги вознемирува кога во прашање е домашниот мир е сексот меѓу ежовите.

Токму поради ежовите полицијата во Аугзбург добила пријава за сомнителни звуци кои доаѓале од двор на едно основно училиште, поради што се активирало и безбедносното светло. Со брза реакција, полицајците дошле на лице место, за да таму затекнат пар ежови во занес на страста.

Дека овој случај не е единствен сведочат и бројни објави на социјалните мрежи, кои ги следи хештегот #igelsex (секс на ежови).

Полицијата во лето често добива слични повици, со оглед дека ежовите се меѓу најгласните ноќни животни, пишува Шпигел.

Тие се карактеристични и по тоа што се во состојба да произведат широк спектар на збуци како што се ‘рчење, предење, свиркање, па и нешто што наликува на гласно врескање, кое некогаш наликува и на човечко.

Ежовите се огласуваат на гласно ‘ржење во текот на парењето кое трае и по неколку часа, наведува Ветеринарната служба при Универзитетот во Минхен, од каде истакнуваат дека мажјаците се тие кои произведуваат најголема бучава.

Ритуалот за парење кај овие бодликави животни во Германија е познат и како „igelkarussell“ (ежов рингишпил“ и се одвива на површина од 40 квадрати.

Германската полиција добила наредба никако да не ги вознемирува ежовите во нивниот „љубовен занос“, поради тоа што популацијата на тие животни претходни години драстично опаднала, пишува „Гардијан“.

loading...

© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments