Евтини и секојдневни намирници што го намалуваат крвниот притисок

Сподели со своите пријатели

Високиот крвен притисок или хипертензија вклучува проток на крв низ артериите, создавајќи голема сила или притисок на нивните внатрешни ѕидови.

Loading...

Оваа сила предизвикува оштетување на крвните садови и постои ризик од развој на сериозни кардиоваскуларни заболувања и срцев удар.

Покрај тоа, постои нарушена функција на бубрезите, дијабетес или трајно губење на видот. Во повеќето случаи, причината за висок крвен притисок е непозната.

 

 

Она што е познато е дека храната што ја јадете може да влијае на вашиот крвен притисок, и на добар и на лош начин.

Бидејќи не може да се влијае на многу причини, експертите советуваат да се обидеме да ги поправиме барем оние што зависат од нас.

Loading...

Посебно внимание треба да се посвети на изборот на храна, бидејќи има и такви кои природно го намалуваат високиот крвен притисок.

  1. Јаткасти плодови

Јаткастите плодови и семките се полни со минерали, но треба да внимавате да ги јадете несолени.

Ф’стаците се најдобри за намалување на крвниот притисок, но добар избор се и бадемите, оревите и лешниците.

 

 

  1. Лук

Со своите активни состојки го стимулира телото да произведува азотни оксиди и на тој начин ги шири крвните садови и ги релаксира мускулите.

Ова го намалува крвниот притисок и го намалува нивото на холестерол во крвотокот, а со тоа го спречува развојот на опасни кардиоваскуларни заболувања.

Loading...

 

 

  1. Цвекло

Сокот од цвекло е исклучителен кога станува збор за намалување на високиот крвен притисок.

Истражувањата покажуваат дека конзумирањето на околу 250 мл сок од цвекло дневно го намалува систолниот и дијастолниот крвен притисок.

 

 

Loading...
  1. Риба

Се препорачува од многу причини. Пред се затоа што со вклучување на оваа храна автоматски ќе почнете да се храните поздраво, што им се советува на сите луѓе кои имаат проблем со хипертензија.

Исто така, содржината на хранливи материи што ги содржи рибата ќе придонесе за подобро здравје на организмот.

 

 

  1. Брокула

Брокулата е еден од најздравите зеленчуци бидејќи содржи многу антиоксиданси, има многу витамин Ц, го зајакнува имунолошкиот систем и е добра за крвниот притисок.

Loading...

Освен што го намалува крвниот притисок, истражувањата покажале дека редовното консумирање брокула го намалува нивото на лошиот холестерол.