Евровизија 2015: Кајмакоски ќе настапи на првата полуфинална вечер

Сподели со своите пријатели

Во Виена вечер од 21 часот ќе се одржи првото полуфинале на 60. Евровизија, во кое меѓу 20-те изведувачи под реден број осум ќе настапи и Даниел Кајмакоски со песната „Autumn Leaves“ како претставник на Република Македонија.

Loading...

Кајмакоски победи на Скопскиот фестивал 2014 со „Лисја есенски“, која за настапот на Евросонг е преведена на англиски јазик.

На сцената во Штадхале Кајмакоски ќе биде придружуван од американското  трио Мерџ, чии членови биле дел од аренби групата Блекстрит, инаку негови идоли.

 

Втората полуфинална вечер ќе се одржи во четврток, а првите десет земји-учеснички од двете полуфиналиња ќе се пласираат за големото финале во сабота (23 мај), кога ќе биде избрана најдобрата песна во Европа оваа година.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *