ЕВРОПСКИ РЕКОРДЕР: Прави пица за 27 секунди (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Загрос Јаф, пица мајстор кој со години е вработен во ланецот пицерии Домино во состојба е рачно да направи свежа пица за само 27 секунди, што би значело деказа еден час може да направи 133пици.

Loading...

Овој талент му обезбедил веќе трета година по ред титула „Најбрз европски пица мајстор“ која ја доделува фирмата во која тој работи.

Загрос победил на натпреварување кое ги собира најдобрите пица мајстори од сите краишта на Европа. Во рамките на оваа натпреарување, се тестира способноста на учесниците да направат голема пица од 13 инчи, филувана со 40 листови салама, 142 грама печурки и 198 грама кашкавал, како и со познатиот сос од домати на Домино.

Прописите на оваа натпреварување не се наивни. Доколку листот салама се најде на погрешно место или тестото не е развлечено на правилна широчина, на учесникот му се додаваат казнени 15 секунди по секоја грешка на неговиот вистински резултат.

Со оглед дека веќе трет пат победил, Јаф е награден со специјален трофеј: отпечаток на неговата мајстојска рака на златно тесто за пица.

https://www.facebook.com/zagros.jaff/videos/10153733420204342/

Leave a Reply