Европа затрупана со снег, додека Австралија „гори“ на 50 степени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Додека делови од Европа се борат со рекордни наноси од снег, австралиските власти ги предупредуваат граѓаните да избегнуваат престој на отворено поради рекордно високи температури во некои делови од земјата која дури ќе расте во следните денови.

Loading...

Делови на населената австралиска држава Нов Јужен Велс и делови од Западна Австралија бележат рекордни температури од 33 степени целзиусови, а највисоките дневни температури би можеле да достигнат и над 45 степени во делови на Нов Јужен Велс, Западна Австралија и Викторија, објави метеоролошкиот завод.

Во градот Марбле Бар измерени се 49,3 степени.

– Избегнувајте физичка активност, пијте доволно течности, вели Ричард Брум, директор за здравство и околината во владата на Нов Јужен Велс.

Поради екстремните температури на југоистокот на земјата, на брегот се насукале повеќе од милион риби, а експертите предупредуваат дека ситуацијата може да се влоши во следните денови. Се очекува врелиот бран да трае уште најмалку недела дена.

https://youtu.be/ZR6Af3eiuQQ

Leave a Reply