Евроамбасадорот Жбогар се сретна со градоначалникот Максим Димитриевски (фото)

Сподели со своите пријатели

Амбасадорот на Европската унија, Самуел Жбогар во рамките на кампањата „ЕУ за тебе“ денеска оствари протокалрна посета на Општина Куманово, каде со градоначалникот Максим Димитриевски разговараа за актуелните проблеми со кои се соочува локалната самоуправа.

На средбата се разговарало и за имплементацијата на голем број проекти кои Европската унија ги финансира во Општина Куманово.

– Поразговаравме за имплементацијата досегашна за голем број проекти, особено внимание дадовме на последниот проект кој што е во тек, а се работи за инвестиција околу 4 милиони евра во делот на имплементација на подземни инфраструктурни проекти во делот на феканлната канализација, исто така поразговаравме за можната соработка во иднина, реалноста со која се соочува Општина Куманово, за сите наши проблеми и секојдневната потреба на граѓаните на нашата Општина, воедно денеска ќе го посетиме Средното техничко училиште Наце Буѓони, каде ќе имаме конкретно имплементација на проект и ќе се запознаеме со состојбите во кои учат нашите ученици таму и во сегментот на образование ќе продолжиме во делот на дискусијата и можната помош која ќе ја добиваме во иднина од страна на канцеларијата во Република Македонија, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

Како што потенцираше евроамбасадорот Самуел Жбогар, на средбата се разговарало и за проект од областа нар егулација на сметот на подрачјето на Општина Куманово, а кој треба да се рализира во следните неколку години.

– Денеска имавм можност да поразговарам со него во врска со многу проекти и мислам исто така да разговараме за еден многу голем проект поврзан со третирање смет, проект кој ќе се реализира во Куманово во следните неколку години. Постојат ред други проекти кои Европската унија ги финансира во Општина Куманово, исто така денешната посета претставува добра можност да се одбележи добрата соработка која ЕУ ја има со Општина Куманово исто така и да разговараме за можностите за идна успешна соработка со вашата општина. Денеска исто така дојдов да дискутирам со градоначалникот на Куманово за тоа кои се состојбите, проблемите со кои што се соочува општина Куманово, но и генерално кои се предизвиците со кои се соочува вашиот градоначалник и се разбира ние со нетрпение очекуваме идна успешна соработка со вашата Општина, рече Жбогар.

 

Loading...

 

Ова е прва посета на евроамбасадорот на некоја локална самоуправа по завршувањето на локалните избори, а како што истакна поддршката која ЕУ ја даваше во изминатиот период на Општина Куманово, ќе продолжи и во следниот период.