Евреите уште во 8 век користеле канабис за рекреативни цели

Сподели со своите пријатели

Најстарата позната употреба на палење на канабис во церемонијата потекнува од почетокот на 8 век п.н.е. во Тел Арад, Израел.

Loading...

Дрогата била пронајдена на два монолита, најверојатно олтар, откриен во еврејско светилиште, првично ископано во 1960-тите години на Институтот за археологија на хебрејскиот универзитет во Ерусалим.

Истражувачите од музејот во Израел и центарот Вокани – израелскиот центар за истражување на земјоделството – го најавија откритието на 28 мај.

Неидентификуван темен материјал е зачуван на горните површини на монолитот, за што е утврдено дека има канабиноидни остатоци, како што се тетрахидроканабинол (ТХЦ), канабидиол и канабинол, пишува Индипендент.

Другите откриени органски остатоци се припишувале на животински измет, што укажува дека канабисот бил измешан со ѓубриво за да се „поттикне благо загревање“. Пронајден е и темјан, измешан со животински маснотии, за да се поттикне испарувањето.

За соединенија кои се вдишуваат потребна е топлина што веднаш ослободува канабис карбоксилни киселини; бидејќи декарбоксиран THC може да предизвика психоактивен ефект кај луѓето, можно е состојката да се конзумира како дел од церемонијата.

„Халуциногени супстанции се познати од разни соседни култури, но ова е првиот познат доказ за халуциногена супстанција која се наоѓа во Кралството Јудеја“, напишале истражувачите.

Се чини дека овие олтари биле користени само за кратко време, околу една деценија. Фактот дека е откриена само една супстанција значи дека или едниот олтар се користел повеќе од еднаш или олтарите биле исчистени по употребата.

Loading...

„Употребата на психоактивни материјали е позната и во античките култури на Блискиот исток и Егејот уште од праисторијата. Се чини дека канабисот се користел на Арад како намерен психоактивен стимул за екстази како дел од култните церемонии. Ако тоа е случај, ова е првиот ваков доказ во култот на Јуда“, рекоа истражувачите.

Студијата додава дека откритијата во Тел Арад укажуваат на тоа дека канабисот исто така играл улога во обожавањето во храмот во Ерусалим.

Во тоа време, светилиштето во Арад било дел од тврдината на врвот на еден рид на јужната граница на Кралството Јудеја и се совпаѓа со библиските описи на Првиот храм во Ерусалим.

Остатоците од храмот во Ерусалим сега се недостапни за археолозите, така што наместо тоа, Арад и другите слични светилишта се изучуваат со цел истражувачите да дознаат за ритуалите во поголемите храмови.

Leave a Reply