Евгенија Чанчалова и Ивона Јовановиќ ќе настапат на ”Макфест 2015”

Сподели со своите пријатели

Фестивалот  “Макфест“ на забавни мелодии, што ќе се одржи на 3, 4 и 5-ти јуни во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, на вчера одржаниот прес ги претстави учесниците на 30-то јубилејно издание.

Loading...

На прес конференцијата беа претставени учесниците, авторите и нивните композиции кои ќе бидат изведени на „Макфест 2015“, а беше извршено  и извлекување на редоследот за настап во двете полуфинални вечери.

„На секоја полуфинална вечер ќе настапат по 15 изведувачи, а само 9 од нив ќе влезат во финалето“ – соопшти директорот на фестивалот Дарко Мијалковски.

Според редоследот на настапите во првата и втората полуфинална вечер, прва ќе настапи Евгенија Чанчалова од Куманово со песната ”Миг до вечност”, додека како деветта во втората полуфинална вечер ќе настапи Ивона Јовановиќ со композицијата „Тешко време“ изведена заедно со групата „Рафинерија“.

Ова е прв дебитантски настап на кумановската млада пејачка Ивона Јовановиќ, која во моментот се бори за понатамошен пласман на српското шоу ”Ѕвездите на Гранд”, додека Евгенија Чанчалова- Еги на македонската јавност и стана позната кога минатата година во август победи на 21. по ред “Охрид фест-Охридски трубадури” во Охрид, и заврши како третопласирана на Скопскиот фестивал освојувајќи ја наградата од 5.000 евра.

Инаку, освојувачот на првото место на ”Макфест 2015”  ќе добие 10.000 евра, за второпласираниот се предвидени 7.500 евра, додека третонаградената композиција ќе биде наградена со  5000 евра во денарска противвредност. Исто така ќе има награда од по 1000 евра за најдобриот дебитант, сценски настап и аранжман.

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *