Евгениј Пригожин – човекот на Путин за валкани работи

Сподели со своите пријатели

Евгениј Пригожин стана познат како „готвачот на Путин“. Сега тој е првенствено поврзан со платеници на компанијата Вагнер кои се борат на страната на Кремљ во Украина.

Loading...

Некои тврдат дека овој поранешен претприемач има претседателски амбиции.

Во пресрет на почетокот на новата воена година во Украина, Евгениј Пригожин, како шеф на озлогласената платеничка единица Вагнер, во последно време делува доста самоуверено во јавноста.

61-годишниот Русин ја обиколи воената зона и го критикуваше руското воено раководство.

Шефот на Кремљ, Владимир Путин, му дозволува да прави што сака, како всушност на власт да е неговата паравоена формација, во која се активни бројни осудени криминалци.

Во минатото Путин дури тврдеше дека руската држава нема никаква врска со Вагнер групата.

Путин и Евгениј Пригожин се познаваат долго време

Кога поранешниот офицер на КГБ Путин сè уште работел во градската администрација на Санкт Петербург, тој наводно го посетувал ресторанот на Евгениј Пригожин.

И затоа овој бизнисмен, кој се збогатил во хаотичните 90-ти во Русија, а кој, инаку, веќе одлежал за грабеж, го добил прекарот „готвачот на Путин“.

Loading...

Пригожин е познат и како шеф на деловната империја Конкорд , меѓу другото, за неговите „Фабрики за интернет тролови“ кои се специјализирани за областа на дезинформациите и се осомничени за мешање во претседателските избори во САД.

Токму затоа американските истражители на ФБИ понудија парична награда за сите оние кои ќе помогнат во неговото апсење.

Шефот на претседателот

Пригожин долго време ја избегнуваше јавноста, особено кога неговата платеничка единица стана активна во Донбас во 2014 година, по соборувањето на украинскиот претседател Виктор Јанукович.

Меѓутоа, колку подолго трае инвазијата на Украина, која Путин ја започна на 24 февруари 2022 година, Пригожин, кого Украина го смета за воен злосторник, се понавредливо делува во јавноста.

Пригожин ги посети руските затвори за да регрутира таму осудени криминалци за своите војници, со ветување дека по завршувањето на војната ќе им биде „избришан“ остатокот од казната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Москва порача: Ако Западот го конфискува рускиот имот, ние нема да ги поштедиме

Тој прави што сака, без никаква правна основа, а Кремљ не се меша.

Рекламирање во близина на седиштето на групацијата Вагнер во Санкт Петербург ги поканува Русите да се приклучат на воената операција во Украина

А руското правосудство долго време се плаши од влијанието на недопирливиот близок соработник на Владимир Путин.

Loading...

Армијата на Пригожин функционира независно од руската држава, како компанија со своја организација и структури на моќ.

– Можам само да кажам дека приватната воена компанија Вагнер денес игра една од најважните улоги во зоната во која се одвива специјалната воена операција, напиша претприемачот Пригожин на Телеграм.

На таа мрежа тој нагласува дека сѐ уште стои зад критиките кои ги упати кон началникот на рускиот Генералштаб Валери Герасимов.

– Го основав Вагнер и управувам со платениците за Русија да биде успешна во војната, тврди Пригожин.

Колку Вагнерци се активни во Украина?

Валканиот бизнисмен на Путин речиси секој ден коментира воени настани.

Тој го демантира шефот на Службата за комуникации на Белата куќа во Вашингтон, Џон Кирби, кој рече дека Русија добива оружје за војна и од Северна Кореја.

И додава дека групата Вагнер исто така купува значителни количини американско оружје, и покрај американските санкции.

Не е секогаш јасно кога Пригожин го исмева Западот со своите објави на Телеграм и кога е сериозен за тоа што го кажува.

Loading...

Кирби неодамна изјави дека според американските проценки, моментално има околу 50.000 вагнерци активни во Украина, односно 40.000 од нив се оние кои биле во затвор пред да одат на терен.

По правило, платениците се борат на ограничен временски период за оние кои им плаќаат за тоа, а тие не се интегрирани во редовните воени трупи.

Според меѓународното право за војна, тие не се третираат како членови на една од страните што учествуваат во војната, и затоа не ги уживаат правата за заштита што ги имаат воените затвореници – за разлика од странските доброволци кои се борат во редовите на украинската армија како редовни припадници на силите лојални на Киев.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

„Корумпиран поединец“

Меѓународната новинарска истражувачка мрежа OCCRP, која главно се занимава со истражување на организиран криминал и корупција, неодамна го прогласи Пригожин за најлоша „личност на годината“.

По владетелите како Александар Лукашенко (Белорусија) или Николас Мадуро (Венецуела), членовите на жирито ја дадоа ова срамна „награда“ за прв пат доделена на едно лице, кое никогаш немало никаква државна или официјална функција.

„Тој не е национален лидер, туку корумпиран поединец, кој може да поттикне терор и масовно кршење на човековите права во различни делови на светот“, објасни членот на жирито Луиз Шели, американски експерт за финансиски трансакции на Универзитетот Џорџ Мејсон. Пригожин ја симболизира најтемната страна на Русија, се вели во извештајот на OCCRP.

Loading...

„Тој е воин на корупцијата“, вели истражувачката новинарка и еден од основачите на OCCRP Дру Саливан.

„Тој се бори и убива за да воспостави корупција. Вагнер не е ништо повеќе од организирана криминална група чии активности се одобрени од руската влада.“

Пред Украина, Вагнер беше активен во Сирија, а неговата крвна трага се протега и до Централноафриканската Република, Судан, Сомалија и Мали.

Убиства, силувања, мачења…

Вагнерците се обвинети за убиства, силување и мачење на луѓе, меѓу другото, во предградијата на Киев за време на војната во Украина, како што може да се прочита во извештајот објавен во декември 2022 година.

Во Африка, Пригожин е поврзан од експерти со злато и рудници за дијаманти. И тие тврдат дека, со оглед на заморот на војската на Путин на бојното поле, Пригожин и неговите платеници во Украина сè уште играат одлучувачка улога.

Loading...

Активностите на Пригожин и неговите можни амбиции околу доаѓањето на власт во Русија беа анализирани во неколку наврати од страна на Американскиот институт за воени студии (ISW).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: За прв пат соборивме руски стратешки бомбардер Ту-22М3

Тој тинк-тенк неодамна го прогласи интервјуто на Пригожин за државната станица РТ како обид да се зголеми влијанието во руското општество со помош на силни зборови и популистички ставови.

Во тоа интервју, меѓу другото, тој предложи на руските милијардери да им се одземе се што имаат за да можат и тие да придонесат во војната.

Во контекст на стотиците илјади Руси кои побегнаа од општата мобилизација на Путин, меѓу нив и бројни прозападни луѓе или членови на опозицијата, Пригожин рече дека сите овие луѓе требало да бидат ставени во затворски баталјон и испратени во војна:

„ Воопшто не се сомневајте дека сите тие нема да умрат херои“.

Loading...

Наследникот на Путин?

Експертите сметаат дека зголеменото влијание на Пригожин е знак дека Путин ја губи контролата, бидејќи тој, како врховен командант на руските воени сили, на крајот се смета за одговорен за низата порази во војната против Украина.

Дали Евгениј Пригожин навистина е во „игра“ како можен наследник на Путин и новиот владетел во Москва, како што некои веруваат Политикологот Абас Гаљамов смета дека на „претседателскиот готвач“ му оди добро, во ситуација кога сите се во Москва, вклучително и Самиот Путин- изгубен во рејтингот.

„Сега изгледа дека режимот се одржува пред се благодарение на Пригожин“, вели Гаљамов.

– Благодарение на неговата медиумска вклученост може да се создаде впечаток дека Пригожин може да го заземе местото на Путин, додава овој експерт.

За околу една година во Русија се одржуваат претседателски избори. Сепак, Гаљамов е на мислење дека Пригожин нема шанси.

Според него, стравот од семоќниот Пригожин ја обединува руската елита, пишува Вјести.

Loading...

Гаљамов е убеден дека ќе знаат да најдат начин да го спречат изборот на Пригожин за претседател.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.