Евертон го комплетираше трансферот на Сандро

Сподели со своите пријатели

Шпанскиот интернационалец до 21 година потпиша 4 годишен договор со Евертон. 21 годишниот напаќач за Малага оваа сезона стрелаше 16 пати во 31 натпревар во Шпанската Ла лига.

Сандро изјави: “Многу сум среќен ,тоа е голем чекор за мене во мојата кариера  и  потпишивам за еден од поголемите клубови во Енглеска”.

“Едвај чекам да го облечам синиот дрес и да заиграм на Гудисон Парк.Голем скок во мојата кариера е тоа што потпишувам за екипа од Премиер лигата”.

“Евертон е идеално место за мене, ке бидам воден од одличен тренер кој ми даде доверба и секако ке ја докажам со мојата игра”.

Како ново засилување за екипата од Гудисон се спомнува централниот бек од Барнли Мајкл Кин која оваа сезона беше прогласен за најдобар играч на Бурнли. Исто така се спомнува и името на Оливие Жиру кој е пред излезните врати на Арсенал.

Пишува: Бојан Михајловски

Loading...