Еве зошто јодот е исклучително важен во бременоста

Сподели со своите пријатели

Експертите се разликуваат по прашањето која е оптималната дневна доза на јод за човечкото тело.

Loading...

Сепак, сите се согласуваат дека овој минерал е неопходен за добро функционирање на тироидната жлезда, како и на градите, јајниците и простатата.

 

 

Покрај тоа, јодот штити од токсини како што се флорот и бромидот и помага да се елиминираат оловото и живата од телото. Од друга страна, последиците од недостаток на јод во организмот се особено сериозни за бремени жени и деца.

Од таа причина, ендокринолозите препорачуваат идните мајки да направат анализа на нивото на јод во крвта на почетокот на бременоста. Дури и најмал недостаток на овој минерал во овој период може негативно да влијае на нормалниот развој на бебето.

На ова укажуваат и резултатите од најновото истражување спроведено на 1.000 жени. Резултатите покажуваат дека благ или умерен недостаток на јод за време на првиот триместар од бременоста, кога се развива нервниот систем на фетусот, може да предизвика понизок коефициент на интелигенција кај вашето бебе на долг рок.

Loading...

 

 

Понатаму, најновата научна студија објавена во Европскиот журнал за ендокринологија открива јасна врска помеѓу исхраната богата со јод за време на бременоста и раѓањето на бебиња со подобри когнитивни способности. Затоа бремените жени, доилките, новороденчињата и децата треба да јадат риба, млечни производи и јајца што почесто, а исто така да користат јодирана сол во нивната исхрана.

Горната граница е пет грама на ден за возрасни, како и два до три грама за деца, истакнуваат експертите.

Leave a Reply