Еве со што треба да се хранат жените според возраста

Сподели со своите пријатели

Еве како требада се хранат жените во различни фази од својот живот:

20-годишните
На оваа возраст метаболизмот е доволно брз, но тоа не значи дека е добро да се јаде фастфуд и да се заборави за здравата исхрана. Подобро откажете се и од колачи, бидејќи до 30-тата година слаткото може да го ослабне организмот. Препорачливо е диетата да содржи риба и месо (без масти), овошје и зеленчук, житарици и житни култури.

30-годишните
По 30-те жените треба да мислат за зајакнување на коските поради ризикот од остеопороза. Добро е да се јадат нискомаслени млечни производи и сирење. Задолжителни се овошјето и зеленчукот и пченкарни производи.

40-годишните
По 40-тата година се препорачува целосно исклучување од исхраната со висок гликемиски индекс (како колачи). Не треба да се јаде и пржено. Тука метаболизмот веќе почнува да забавува и влегува во прв хормонален пад. Добро е да се намали вкупниот внес на калории. Диетата треба да вклучува млечни производи, месо и риба (за зајакнување на коските), овошје и зеленчук, масла кои содржат моќни природни антиоксиданси.

50-годишните
Тоа е возраста на менопаузата, кога нивото на естрогенот опаѓа. Метаболизмот се забавува уште повеќе, коскената маса се намалува, а исто така и подвижноста на зглобовите. Диетата треба да вклучува млечни производи и овошје, а незаменливи се производите со омега масни киселини и антиоксиданти.

60+
После 60-тата година кај жените ризикот од прекумерна тежина се зголемува, а со него и тој од кардиоваскуларни болести. Треба да се борите не само со калориите, но и со холестеролот. Се препорачува замена на речиси сите животински масти со растителни. Диетата треба да вклучува овошје (јагоди), месо и риба (без масти).