Еве што се случува доколку гром удри во вашиот автомобил (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во теорија, автомобилот треба да преживее удар од гром без поголеми последици. Електричната струја се шири низ надворешноста на автомобилот и завршува во земјата (систем на кафези Фарадеј). Возачот и патниците се безбедни, но некои случаи покажуваат дека електрониката во автомобилот многу веројатно ќе се оштети, а силен електричен удар може да предизвика и корозија на лимот, односно пукање на бојата, пишува „Ревијајак“.

Loading...

Што можете да направите како возач и патници?

Кога сте во средина на бура, не допирајте ги металните делови од автомобилот или внатрешноста на рамката. Ако нема дожд, затворете ги сите прозорци во автомобилот. Во случај на удар на гром, се препорачува да го паркирате возилото настрана, да го исклучите моторот и да избегнувате некое допирање со која било метална површина во автомобилот, како и радио или инфотаинмент. Не треба да има последици по вашето здравје.

 

 

 

По овие предупредувања, можеме да видиме еден практичен случај, бидејќи теоријата е една работа, а повеќе од 300 милиони волти, колку што може да генерира удар на гром, е нешто сосема друго. Ерик Вилкинсон од САД сподели на Фејсбук фотографии од неговиот пикап Ford Super Duty кој преживеал удар од гром, но не без последици.

Loading...

Фотографиите покажуваат дека пластичните делови од ентериерот биле спржени. Гром поминал низ стаклото и ги разделил и стопил внатрешните компоненти. Вилкинсон не бил во возилото за време на ударот, тој бил паркиран во сервисната станица, па освен материјалната штета, за среќа, нема други последици.

Leave a Reply