Еве какво време нè очекува оваа недела

Сподели со своите пријатели

Како што јавува Метеопро, оваа работна недела ќе помине во услови на суво и генерално сончево време. Мало наоблачување се очекува во првите два дена од неделата, но сепак станува збор за локална облачност која нема особено да го промени впечатокот на сончевото време.

Loading...

Во вторник се очекува нешто поветровито време, особено долж вардарскиот тек и источната половина од земјава.

Среда и четврток ќе бидат потопли. Долж повардарието и низините во источниот регион, очекуваме температурен максимум од 18°С до 20°С, во гевгелиско – дојранскиот регион околу 23°С, а во југозападниот предел од17°С до 19°С.

Петок во однос на четврток ќе биде посвеж за околу 2°С.