Еве како ќе изгледа новиот Ургентен центар во Куманово

Сподели со своите пријатели

По најавите за изградба на нов Ургентен центар во Куманово, протече и слика од идејниот проект што се очекува да биде отпочнат со градба кон крајот на 2016 година.

Loading...

Центарот располага со хируршка, ортопедска, уролошка и анестезиолошка амбуланта, каде што ќе се дијагностицираат хируршки и интертнистички состојби со рентген апарат и компјутерска томографија. До крајот на идната година изградбата треба да биде завршена, а чини 20 милиони денари.

„Објектот, ќе се состои од приземје и кат, со површина околу 600 м2, а ќе се гради до местото, каде што се наоѓаат постојните ургентни амбуланти на интернистичкиот оддел, така што овие објекти ќе се поврзат и ќе се добие една целина на ургентен центар“, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.

20 милиони денари се инвестираат и во медицинска опрема која треба да пристигне кон крајот на март идната година.

Новиот Ургентен центар во Куманово ќе содржи нов ЕМГ апарат, хируршка опрема, која опфаќа Лигешур опрема за затворање крвни садови во тек на интервенција, пневматски турник, респиратор – машина за дишење, перфузори, инфузомати, сет лапараскопски инструменти, грејач за тело и апарат за компресија на нозе, нагласи министерот Тодоров.