Евакуација на 100.000 луѓе од туристичкиот рај: Вулкан се заканува да уништи се пред себе (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Локалните власти на индонезискиот остров Бали издадоа максимално предупредување поради активноста на вулканот Агунг кој со денови исфрла пепел. Наложена е евакуација на 100.000 лица.

 

Loading...

 

Индонезиската агенција за вонредни ситуации соопшти дека 40.000 луѓе се евакуирани од подрачјето во близина на вулканот Агунг, но десетици илјади жители допрва треба да се иселат при засилената вулканска активност.

– Ги молиме луѓето во зоната на опасноста веднаш да се евакуираат затоа што постои опасност од голема ерупција. Многумина не отидоа затоа што очекуваат да го евакуираат добитокот, а има и такви кои мислат дека се безбедни и не сакаат да одат. Не можеме никого да присилиме да го напушти домот, рече Сутопо, портпаролот на Агенцијата.

 

 

Властите сооштуваат дека вулканот изфрлил пепел на височина од 4.000 метри.

 

Loading...

 

Последната забележана ерупција на овој вулкан била во 1963 година кога загинале скоро 1.600 луѓе.

 

 

Вулканот повторно е активен од септември и властите го подигнаа нивото на тревога на највисок степен.

фото: Ројтерс