ЕУ со нови правила за каводи пасошите: Еве како ќе патуваме во 2022 година!

Сподели со своите пријатели

Европската комисија денеска донесе правило со кое рокот на важност на потврдата за вакцинација се ограничува на девет месеци, односно 270 дена од целосната вакцинација.

Loading...

Во исто време, беа усвоени правила за координација на сертификатите со цел јасно да се разликуваат доказите за примарна вакцинација од оние поврзани со бустер дозите.

– Новите правила ќе обезбедат мерките кога станува збор за патување да се засноваат на најдобрите достапни научни докази и објективни критериуми. Континуираната координација е од суштинско значење за функционирањето на единствениот пазар и ќе обезбеди јасни инструкции за граѓаните на ЕУ во остварувањето на нивното право на слободно движење, изјави портпаролот на Комисијата Кристијан Виганд.

ЕК вели дека овој сертификат се однесува на потребите за патување во ЕУ и дека „јасен и единствен период на прифаќање“ на сертификатот за вакцинација ќе гарантира продолжување на координацијата меѓу ЕУ 27 кога станува збор за човечки транзит.