ЕУ сака да ја намали потрошувачката на струја за 11,7 отсто

Сподели со своите пријатели

Преговарачите на Советот на ЕУ и Европскиот парламент денеска постигнаа привремен политички договор за намалување на потрошувачката на финална енергија за 11,7 отсто во 2030 година.

Loading...

Потрошувачката на финална енергија е енергија што ја трошат крајните потрошувачи, додека примарната потрошувачка на енергија ја вклучува енергијата што се користи за производство на енергија.

Шведското претседателство со Советот на ЕУ и преговарачите на Европскиот парламент по целоноќни преговори постигнаа договор за измени на директивата за енергетска ефикасност.

Тој договор допрва треба да го потврди Советот и Парламентот за да стане закон.

„Енергетската ефикасност е клучна за целосна декарбонизација на економијата на ЕУ и независност од руските фосилни горива“, рече комесарот за енергетика Кадри Симсон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Канаѓанец починал на одмор во Куба. На семејството му испратиле погрешно тело

Реновирање и топлинска изолација на милиони згради

За да се постигнат целите наведени во овој договор, земјите-членки ќе треба да инвестираат огромни ресурси во реновирање и топлинска изолација на милиони згради.

Според договорот, земјите-членки ќе придонесат за постигнување на зацртаната цел на ниво на ЕУ, преку своите национални и енергетски планови, во кои ќе си поставуваат сопствени цели за штедење, кои нема да бидат обврзувачки, но Комисијата ќе биде може да ги коригира доколку не придонесат за задолжителната цел од 11,7 проценти на ниво на Унијата.

Формулата за пресметување на националните придонеси кон целта ќе биде индикативна, со можност за отстапување од неа за 2,5 отсто, а Комисијата ќе оценува дали овие национални придонеси придонесуваат за исполнување на целта за штедење од 11,7 отсто.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот Конгрес донесе закон што може да доведе до крај на ТикТок

Заштеда од 1,49% годишно

Формулата за пресметка ќе се заснова, меѓу другото, на потрошувачката на енергија, БДП по глава на жител, развојот на обновливите извори на енергија и можностите за заштеда на енергија.

Земјите-членки ќе треба да обезбедат годишни заштеди во потрошувачката на финална енергија од 1,49 отсто во просек годишно од сегашните 0,8 отсто во периодот од 2024 до 2030 година, а овој процент треба постепено да се зголемува, а заштедите да достигнат 1,9 отсто на 31 декември 2030 година.

Земјите од ЕУ ќе мора секоја година да реновираат најмалку три проценти од вкупната површина на зградите во јавна сопственост.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Човековите права најзагрозени во последните неколку децении