ЕУ разгледува нови санкции против Иран

Сподели со своите пријатели

Европската унија размислува за воведување дополнителни санкции против Иран, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Џозеп Борел, откако организациите за човекови права објавија дека илјадници луѓе биле уапсени, а стотици биле повредени за време на задушувањето на протестите од страна на Иран.

Loading...

Министрите за надворешни работи на ЕУ на следниот состанок ќе разговараат за дополнителни санкции против Иран, изјави Борељ за новинарите во Прага, пренесува Ројтерс.

Организациите за човекови права проценуваат дека бројот на загинати во протестите во Иран е повеќе од 150.

Властите пријавија бројни смртни случаи меѓу безбедносните сили, обвинувајќи ги странските сили, вклучително и САД, за мешање во дестабилизацијата на Иран.

Во септември во Иран избувнаа антивладини протести по смртта на младата Иранка Махса Амини (22), која беше приведена од полицијата за морал. Амини падна во кома неколку часа откако беше уапсена од полицијата за морал поради наводно кршење на правилата за хиџаб.

Протестите започнаа по нејзиниот погреб, се проширија низ целата земја и станаа најголемите немири видени во земјата во последните години.