ЕУ подготвува нови санкции против Турција

Сподели со своите пријатели

Лидерите на ЕУ 27 на самитот во Брисел одлучија да почнат подготовки за санкции против Анкара.

Loading...

Во нацрт заклучоците од самитот се наведува дека Советот на ЕУ, вклучително и министерот за надворешни работи Џозеф Борел, се повикуваат да „усвојат дополнителни списоци“ кои ќе бидат додадени на постојниот пакет санкции воведени поради „нелегалните турски активности за дупчење во источниот Медитеран“.

Лидерите на шефот за надворешна политика на ЕУ му дадоа мандат до март 2021 година да презентира извештај за „состојбата на политичките, економските и трговските односи меѓу ЕУ и Турција“ и можностите за во иднина, што вклучува и можни санкции против турските бродови кои вршат дупчење и истражување на гас и нафта во источниот Медитеран.

Во заклучоците Турција се повикува и, што е можно поскоро, да ги продолжи преговорите за повторно обединување на Кипар, со посредство на ОН.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply