ЕУ одобри лекови на база на канабис

Сподели со своите пријатели

Европската унија за прв пат дозволи употреба на производи од канабис во медицински цели, но само на пациенти кои страдаат од две ретки форми на детска епилепсија.

Loading...

Тоа е епидиолекс – лек добиен од канабис кој содржи канабидиол, главна состојка во медицинската марихуана, пренесува Би-Би-Си.

Терапијата е дозволена во два случаи на детска епилепсија – синдром на Ленокс Гасто и Драветов синдром – кои се тешки за лекување и можат да доведат до неколку напади на ден.

Употребата на лекот сега е дозволена во Велика Британија и во другите европски земји, но сè уште не е препорачана од британскиот Национален институт за здравство затоа што „нема докази за долгорочна ефикасност“, пренесува Танјуг.

Некои родители веќе бараат алтернативни решенија за оваа дрога затоа што не содржи тетрахидроканабинол (ТХЦ), психоактивна компонента на канабис за која овие родители веруваат дека им помага на своите деца.

Лекот може да се користи во комбинација со други лекови за епилепсија.

Рекреативната употреба на канабис е сè уште нелегална.

„Овој нов лек ќе донесе надеж за некои семејства и одлуката на ЕУ се чини дека е позитивен чекор“, вели Лиза Сандер, професор по неврологија на Универзитетот во Лондон и директор на Друштвото за епилепсија.

Loading...

„Медицинскиот канабис, сепак, останува медицинско минско поле“, рече таа.

Leave a Reply