ЕУ ќе се обиде да формира специјализиран суд за руски воени злосторства

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Европската унија ќе се обиде да формира специјализиран суд, со поддршка на Обединетите нации, кој ќе ги истражи и гони наводните воени злосторства извршени од Русија во Украина.

Loading...

„Подготвени сме да почнеме да работиме со меѓународната заедница за да добиеме најширока можна меѓународна поддршка за овој специјализиран суд“, рече фон дер Лајен, пренесе Ројтерс.

Како што рече таа, ЕУ продолжува да му дава поддршка на Меѓународниот кривичен суд (МКС), со што предлага формирање на специјализиран суд, со поддршка на Обединетите нации, кој ќе ги истражува и гони „злосторствата на руската агресија“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

Украина се залага за создавање на специјален трибунал за кривично гонење на руските воени и политички лидери кои ги смета за одговорни за започнување на војната.

Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг започна сопствена истрага за наводни злосторства против човештвото и воени злосторства неколку дена по почетокот на рускиот напад на 24 февруари, но нема јурисдикција да гони во Украина.

Русија негира дека цивили се цел на нејзините напади.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.