ЕУ издвојува 600 милиони евра за зајакнување на границата на Бугарија со Турција

Сподели со своите пријатели

Европската унија ќе одвои 600 милиони евра за зајакнување на границата на Бугарија со Турција, изјави денеска државниот секретар во бугарското МВР, Петар Тодоров.

Loading...

Тој рече дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во вторник ја информирала Владата на Бугарија дека Комисијата одржала состанок за нов стратешки пристап за заштита на надворешната граница на ЕУ и оти Бугарија е приоритет, пишува Новините.

„За зајакнување и техничка изградба на нашата граница ќе се издвојат повеќе од 600 милиони евра. Таму имаме над 110 километри технички необезбедена граница, а на останатите 200 километри има што да се направи“, посочи тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

Според него, парите ќе бидат потрошени за опрема, камери, сензори и автомобили.

Во првите три месеци приливот на мигранти е зголемен за 43 отсто во однос на лани, а како што се наведува, лицата кои се занимаваат со нелегална трговија доаѓаат од сите слоеви.