ЕУ го осуди „незаконскиот“ референдум во Украина

Сподели со своите пријатели

Европската унија го осуди „незаконското“ гласање на референдумот за приклучување кон Русија, што се одржа во четири окупирани региони на Украина.

Loading...

„ЕУ го осудува одржувањето на нелегални „референдуми“ и нивниот фалсификуван исход. Ова е уште едно кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, во услови на системско кршење на човековите права“, напиша на Твитер високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Јосеп Борел.

Официјални лица на четири региони во Украина под контрола на руските сили вчера прогласија победа на нелегалниот референдум за приклучување кон Русија, потсетува Радио Слободна Европа.

Украина, Западот и Обединетите нации не го признаваат референдумот, сметајќи дека е во спротивност со меѓународното право и Повелбата на ОН.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.