ЕУ ги повика талибанците да го променат политичкиот курс

Сподели со своите пријатели

Европската унија упати апел до Талибанците да ги променат своите политики и да ги поддржат правата на жените, девојките и малцинствата, една година откако исламистичкото движење ја презеде власта во Авганистан.

Loading...

Во 12-те месеци од хаотичното повлекување на САД и нивните сојузници, некои Авганистанци ја поздравуваат подобрата безбедносна ситуација, но има проблеми со сиромаштија, суша, неухранетост и намалена надеж кај жените дека тие ќе играат важна улога во обликувањето на иднината на земјата.

„Една година откако талибанците ја презедоа контролата во Авганистан, хуманитарната ситуација се влоши и општите прекршувања на човековите права, особено врз жените, девојчињата и малцинствата, се во пораст“, ​​напиша на Твитер шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ се жали дека кинеската стока ги преплавила пазарите. Еве што му кажа Си на Шолц денес

Околу 25 милиони Авганистанци сега живеат во сиромаштија, повеќе од половина од населението. ОН проценуваат дека околу 900.000 работни места би можеле да бидат изгубени оваа година поради економската криза.

Граѓанските групи и независните медиуми ја прекинуваат својата работа, а многу од нивните членови ја напуштија земјата. Мисијата на ОН во Авганистан во неодамнешниот извештај објави дека талибанците апсат новинари, активисти и демонстранти.