Еротска фреска пронајдена во Помпеја (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Археолозите во Помпеја пронашле еротска римска фреска на Леда и лебед  – грчки мит кој на уметниците со векови им служел како инспирација. Фреската красле аспална соба на една луксузна вила во центарот на древниот град.

 

Loading...

 

Помпеја е затрупата со вулкански пепел по ерупцијата на Везув во првиот век од новата ера. Според митот за Леди и лебедот, грчкиот врховен бог Зевс се претворил во лебед и обљубил спартанска кралица.

Според класичната митологија, тој настан имал исклучителни последици. Односот на Леди со Зевс и истата ноќ со нејзиниот сопруг Тиндареј довел до раѓање на четири деца – Хелена, Клименсетра, Кастор и Полидеук.

Масивен ѕид од старата ера откриен во Младо Нагоричане

Хелена подоцна се омажила за Менелај, кралот на Спарта. Тројанскиот принц Парис ја грабнал, по што започнала Тројанската битка. хелена имала голем број додворувачи и се сметала за најубавата жена во Античка Грција.

 

 

Митот за Леди и лебедот служел како голема инспирација за уметниците, особено за време на ренесансата во 16. век, а на тоа сведочат и бројни ремек дела, особено сликите на Леонардо да Винчи, Микеланџело, Тинторето и многу други.

 

Loading...

 

Оргиналните дела на Да Винчи и Микеланџело исчезнале, но нивните копии се изложени во познатите светски галерии.

Leave a Reply