Ерменија ги покани руските мировни сили да интервенираат во Нагорно Карабах

Сподели со своите пријатели

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан ги повика руските мировници распоредени во Нагорно-Карабах да дејствуваат по новото избивање на насилство меѓу азербејџанската армија и ерменските сепаратисти во спорната енклава.

Loading...

„Во Нагорно Карабах има линија на контакт каде се распоредени мировници и таа територија е под нивна одговорност. Очекуваме контингент мировници да спречи секој обид за пробивање на линијата на контакт“, рече тој на состанокот на неговата влада.

Судири меѓу ерменските и азербејџанските сили вчера повторно избувнаа во Нагорно Карабах, формално територијата на Азербејџан, од која поголемиот дел е под контрола на етничките ерменски сили, поддржани од владата во Ереван.

Азербејџан синоќа соопшти дека презел контрола на неколку позиции и уништил ерменски цели во Нагорно Карабах во ескалацијата во која загинаа најмалку три лица и го оживеа ризикот од војна.

Ерменскиот премиер оценува дека мировната операција треба да се разјасни бидејќи Азербејџан одбива да го потпише документот за мандатот на руските сили распоредени од 2020 година.

Тој исто така го повика Азербејџан да ги исполни своите обврски и да го признае постоењето на Нагорно-Карабах, да ја почитува контактната линија и да го признае коридорот Лачин што ја поврзува сепаратистичката енклава со Ерменија.

Во спротивно, рече тој, Ерменија ќе мора да промовира меѓународни механизми за Азербејџан да ги исполни своите обврски.

Последните инциденти може да ги нарушат мировните преговори со посредство на ЕУ, кои се водат веќе неколку месеци меѓу Азербејџан и Ерменија.

Loading...

Вчера Европската унија повика на итен прекин на непријателствата меѓу азербејџанските и ерменските сили во Нагорно Карабах.

Ерменија склучи мировен договор со Азербејџан во ноември 2020 година со посредство на Русија, по понижувачкиот пораз на ерменските сили во шестнеделната војна за Нагорно-Карабах, во која загинаа повеќе од 6.500 луѓе.

Со тој договор, Ерменија изгуби контрола врз дел од Нагорно-Карабах и околните области во Азербејџан по повеќе од 25 години.