Ердоган во еден ден отвори 46 фабрики

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган отвори 46 нови фабрики за еден ден во индустриската зона на градот Ескисеир и порача дека Турција ќе продолжи да биде стабилна и безбедна земја за инвестирање и дека сите што ќе инвестираат ќе имаат профит.

Loading...

Во индустриската зона на турскиот град Ескишехир беше организирана свечена церемонија на отворање на 46 нови фабрики, вклучително и фабриката за бела техника HAIER, јавува агенцијата Андолија.

Секој што инвестира во Турција ќе продолжи да остварува профит“, рече шефот на турската држава.

„Им порачувам на оние кои се надеваат и чекаат да се сопне нашата земја – не се возбудувајте премногу, никој нема моќ да ја наруши климата на стабилност и доверба во оваа земја“, нагласи Ердоган.

Тој рече дека „нема товар“ што државата не може да го поднесе заедно со претприемачите кои и даваат сила „а тие се столбови на голема и моќна Турција“, наведува Анадолија.