Ердоган повика на прекин на огнот: На двете страни е да се стави крај на оваа трагедија

Сподели со своите пријатели

Руските и украинските преговарачи започнаа разговори во Истанбул во вторникот, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им рече дека нивниот напредок може да го отвори патот за средба меѓу двајцата лидери.

Loading...

Обраќајќи им се на преговарачите, кои се сретнаа во живо по повеќе од две недели, Ердоган рече дека на средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Украинецот Владимир Зеленски може да биде домаќин Турција.

 

Проруски сепаратист: Инвазијата е грешка, реакцијата на Москва секогаш доцни

 

Ердоган повика на итен прекин на огнот во војната што започна на 24 февруари кога Русија ја нападна Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставници на Северна Кореја во посета на Иран

„Од двете страни треба да се стави крај на оваа трагедија. Постигнувањето на прекин на огнот и мир што е можно поскоро е во корист на сите. Сметаме дека сега влеговме во период во кој се очекуваат конкретни резултати од преговорите“, изјави Ердоган пред преговарачите.

Тој изрази „длабоко жалење“ што конфликтот влезе во својата петта недела, велејќи дека пријателството на Турција со двете земји го обврзува да посредува. Тој нагласи дека преговарачкиот процес „дава надеж за мир“.

Loading...

 

Во Украина продолжува евакуацијата на населението по хуманитарните коридори (ВИДЕО)

 

Украинската амбасада во Анкара соопшти дека шефовите на делегациите започнале разговори и дека ќе следат преговори во поширок состав.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Ова се гледа еднаш во 100 години!“: Кина погодена од застрашувачки поплави! (ВИДЕО)

Турција е членка на НАТО, но одржува силни врски со Русија и понуди да посредува во конфликтот.

Иако руската инвазија ја нарече неприфатлива, Анкара се противи на приклучувањето на западните санкции.

Средбата во Истанбул е прва во живо по неколку рунди преговори одржани преку видео врска.

 

Loading...

Преговорите меѓу Украина и Русија почнаа, и Абрамович е таму

 

Турција беше домаќин на првата средба на министрите за надворешни работи на Русија и Украина по почетокот на руската инвазија на Украина на 10 март во Анталија.