Ердоган побара САД да не ги снабдеваат Курдите со оружје

Сподели со своите пријатели

Од друга страна, Ердоган ги повика САД да прекинат со снабдевање со оружје на курдската милиција во Сирија, соопшти канцеларијата на турскиот претседател, а пренесува АП.

Како се наведува во соопштението, Ердоган на Трамп му рекол дека целната на воените офанзиви на Турција во северозападната енклава Африн е истата да се ослободи од терористички елементи и да се заштити националната безбедност на Турција.

Ердоган, исто така, истакна важност за соработна во борбата против тероризмот, се додава во соопштението.

Од друга страна, Трамп ја повикал Турција да ги ограничи воените акции, како и да се избегнуваат цивилните жртви и порастот на бројот на раселение лица и бегалци, наведува Ројтерс.