Ердоган: НАТО да заземе став против САД поради Курдите

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџип Таип Ердоган го повикал НАТО да заземе став против САД како членка на Алијансата, поради американските планови да формираат погранични сили за безбедност во Сирија од 30.000 припадници, на чело со Курдите.

Анкара се закани дека ќе започне нова воена офанзива во Сирија против сириските курдски полиции, кои ги смета за терористи, поради нивната поврзаност со забранетите курдски бунтовници кои се борат против Турција, потсетува АП.

Ердоган во понеделник ги обвини САД дека создаваат „војска на теророт“ во Сирија долж границата со Турција и ветува дека ќе ги порази тие сили.

Обраќајќи им се на пратениците на својата владејачка партија, тој го повика НАТО да заземе став во врска со тоа против оние кои ги кршат границите на членките на Алијансата.