„Епл“ гради нов кампус вреден милијарда долари

Сподели со своите пријатели

Технолошката компанија „Apple“ соопшти дека ќе изгради центар вреден милијарда долари во градот Остин, Тексас.

Loading...

Технолошкиот гигант со седиште во местото Купертино во Калифорнија навел дека во новиот центар во Остин ќе работат 5.000 луѓе на инжинерство, истражување, развој, како и на финансии, продажба и поддршка на корисниците, пренесува АП.

Новиот помал центар ќе биде направен во Сиетл, Сан Диего и Кавлер Сити и ќе вработува околу 1.000 луѓе.

Во Остин веќе се наоѓа постројбата на Епл во која работат 6.000 луѓе. Тоа е најголема работна локација на компанијата надвор од седиштето во Купертино, каде работат околу 37.000 луѓе.

Комапнијата наведува дека планира својата мрежа да ја прошири во Питсбург, Њујорк и Колорадо.

Leave a Reply