Епл го претстави Ајфон 13: Батеријата трае подолго, голема измена во работата на кемрата

Сподели со своите пријатели

Новиот процесор носи подолго траење на батеријата за час и половина за мини модели и два и пол часа за iPhone 13, благодарение на паметните технологии.

Loading...

IPhone 13 е во редовна големина од 6,1 инчи, а другиот, помал Ајфон 13 мини има екран од 5,4 инчи.

Што се однесува до екранот, телефоните го држат OLED панелот и алуминиумските страници помеѓу двата стаклени панели.

Најголемата промена доаѓа во областа на камерите. iPhone 13 има редизајниран систем од минатогодишниот iPhone 12 ProMax модел, а „Apple“ ветува подобри 5G перформанси во споредба со линијата iPhone 12.

Цената на мини моделот е 699 долари, а iPhone 13 чини 799 долари, а тоа се цените што ќе важат на американскиот пазар.

Во исто време, Apple го претстави својот нов Apple Watch Series 7, потенок уред со поширок екран од неговиот претходник.

Новиот часовник има екран кој е 20 проценти поголем од Серијата 6. Може да прикаже 50 проценти повеќе текст, а исто така има и целосна тастатура на која можете да допрете или влечете за да пишувате текстуални пораки.

 

Loading...