Епл ги повлекува рекламите од Твитер

Сподели со своите пријатели

Сопственикот и директор на „Твитер“ Илон Маск објави дека „Епл“ во голема мера престанал да се рекламира на оваа социјална мрежа.

Loading...

Apple е најголемата компанија која досега ги повлече своите реклами од Твитер поради загриженоста за политиките за уредување содржина на новиот сопственик.

Претходно, компаниите „Џенерал Милс“ и „Ауди Америка“ го суспендираа или паузираа своето рекламирање.

– Apple во голема мера престана да се рекламира на „Твитер“. Дали го мразат слободниот говор во Америка? Што се случува овде?, напиша Маск на „Твитер“.

„Епл“ сѐ уште не одговорил на барањето да ја коментира оваа информација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од програмата на Месечината

Највредната компанија на светот за реклами на „Твитер“ од 10 до 16 ноември потрошила 131.600 долари, додека во периодот од 16 до 22 октомври потрошила 220.800 долари.

Маск, кој се опишува себеси како апсолутен шампион на слободата на говорот, изјави претходно овој месец дека Твитер доживува голем пад на приходите и за тоа ги обвини активистичките групи кои вршат притисок врз огласувачите.