Епизода од „Маша и медвед“ урна Гинисов рекорд (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Епизодата „Маша и каша“ на рускиот анимиран серијал „Маша и медвед“ стана единственото анимирано видео со над четири милијарди прегледи на Јутуб.

Loading...

Со рекордот преку соопштение се пофали компанијата „Анимакорд“, која ги полага авторските права на овој анимиран серијал.

– Рускиот феномен, анимираниот серијал „Маша и медвед“ е популарен во целиот свет – од Европа до Латинска Америка, Азија и арапските земји, не престанува да урива рекорди. Денеска анимираното видео, единствено е по тоа што се најде меѓу 10те најгледнаи видеа на Јутуб за цело време од постоењето на таа платформа, „Маша и каша“, собра над четири милијарди прегледи, стои во соопштението.

Во прес службата велат дека и други епизоди на анимираниот филм уживаат голем успех на интернет. Статусот на видеа со над милијарда прегледи го добиле уште две епизоди од серијалот „Пријатно“ со над 1,3 милијарди прегледи и „Големо чистење“, која има над 1,1 милијарди прегледи.

– „Анимакорд“ покрај студијат аи меѓународната кампања за лиценциање, специјализирана е за производство и промоција на брендови, медиуми, лиценцирани производи и управување со брендови. Студиото во 2018 година доби нов рејтинг така што влезе меѓу 150 најголеми светски компании за лиценцирање, според меѓународното издание на „Лајсенс глобал“, добивајќи признание за глобално развивање на брендот „Маша и медвед“, велат од компанијата.

Во јануари 2019 година достигнувањата на „Анимакорд“ во развој на анимираниот серијал наградени се и со влегувањето во „Гинисовата книга на рекорди“, односно епизодата „Маша и каша“ и одицијално стана најгледаниот анимиран филм на Јутуб.

Leave a Reply