Епидемија на непозната цревна инфекција во Северна Кореја

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја денеска извести за избивање на неидентификувана цревна епидемија, која потенцијално може да го зголеми притисокот врз здравствениот систем на земјата, која веќе е во изолација и која се бори со официјално првиот бран на инфекции со Ковид-19.

Loading...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера испратил лекови во пристанишниот град Хаи, со цел што поскоро да им помогне на пациентите кои боледуваат од акутни цревни инфекции, соопшти севернокорејската државна агенција КЦНА, пренесува Ројтерс.

Бројот на заболени не е пријавен, ниту е појаснето за каква болест се работи, освен дека се однесува на гастроинтестиналниот тракт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Ким ја нагласи потребата за спречување на епидемијата што е можно поскоро со преземање добро осмислени мерки за карантин на сомнителни случаи, со цел темелно да се спречи нејзиното ширење, со нивна потврда со епидемиолошки преглед и научни тестови, пренесе КЦНА.

Пријавената нова епидемија доаѓа во време кога земјата се бори со првиот бран на инфекции со Ковид-19, при што вонредната состојба беше прогласена минатиот месец поради загриженост поради недостаток на вакцини и медицински материјали.

Северна Кореја денеска пријави уште 26.010 луѓе со симптоми на треска, а вкупниот број на луѓе кои страдаат од треска низ целата земја од крајот на април е близу 4,56 милиони.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Бројот на смртни случаи поврзани со оваа епидемија е 73, а Пјонгјанг секојдневно го објавува бројот на пациенти со треска, а не бројот на заболени од вирусот Ковид-19, поради очигледниот недостаток на комплети за тестирање, наведува Ројтерс.