27.05.2015 17:38

Емотивна средба на мајка и син после 41 година раздвоен живот (видео)


Маж кој пред 41 година бил грабнат од својата мајка само неколку часа по раѓањето, успева после толку години да оствари средба со неа, во момент кога сите мислеле дека тој одамна е мртов.

Травис Толивер, кој зборува само англиски, на првата средба не можеше да комуницира со својата мајка од Чиле, Нели Рејес, но зборовите на првата средба беа речиси непотребни, откако тие останаа гушнати подолго време.

loading...

Откако за прв пат го здогледа својот син, мајката за медиумите кратко изјавила дека отсега, синот ќе го гушка секој ден.

Пред 41 година, болничкиот персонал и соопштил на Нели дека нејзиниот син има мали шанси да преживее, за да после неколку часа и соопштат дека новороденчето починало.

Ниту Толивер, ниту семејството кое го посвоило бебето не знаат што точно се случило за да болницата даде таков исказ.

Толивер на 40 години ја започнал својата потрага по биолошките родители, кога по една година успева да ја најде својата мајка.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments