Емотивна приказна за старица која се обидува да испрати СМС (видео)

Сподели со своите пријатели

Забавниот и воедно емотивен краток филм, ја прикажува реалноста кога постарите луѓе со соочуваат со проблемот да се користи модерната технологија, во овој случај, мобилен телефон.

Loading...

Приказната започнува со старица која живее во старски дом, и која залудно се обидува да испрати порака на својата ќерка, но, безуспешно.

Негователката која се грижи за старицата, и покрај целата нервоза на постара жена да и објасни како да го стори тоа, сепак наоѓа начин да објасни што најпрво значи да се отклучи мобилен телефон, а потоа да се напише порака со користење текст кој дава сугестии за зборот кој испраќачот сака да го напише.

Иако за старицата изгледа сосема комплицирано, негувателката и старицата успеваат, но, за крај на краткиот филм, режисерот ја открива позадината, а тоа е дека старицата е сенилна и воопшто не се сеќава дека жената која се обидува да и помогне е всушност нејзината ќерка Карол.

Краткиот филм е добитник на награда за најдобар краток филм во Нантакет, град во сојузната држава Масачутес, САД.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.