„Елиф“ ќе укажува на опасност од поплави во Куманово

Сподели со своите пријатели

Уредот за укажување опасност од поплави „Елиф”, иновација на кумановскиот метеоролог Борис Секирарски, вчера беше поставен на локација на почетокот на улицата „Иво Лола Рибар” во Куманово.

Loading...

Локацијата соодвествува затоа што се наоѓа непосредно до булеварот „Октомвриска револуција”, најниска точка во градот која често при интензивни врнежи се поплавува.

Уредот, што наликува на семафор, вчера и покрај врнежите светкаше бело што значи дека немаше опасност од поплави.

Градоначалникот Максим Димитриевски вчера оствари средба со Секирарски на која беше презентиран уредот, кој во моментот е единствен во државата и во светот со регистриран патент и е награден со четири меѓународни медали како иновација.

Уредот се состои од четирибоен семафор што ќе работи деноноќно, а со трепкачите ќе предупредува за временската состојба која следи. Белата боја значи дека не постои никаква опасност, сината ќе значи општа поплава (потврдена од соодветните институции), жолтата дека врнежите ќе продолжат и во наредниот период од 30 минути, додека црвената боја ќе означува екстремно силни врнежи со опасност од брзо поплавување на повеќе делови од градот.

Во иднина ваквите уреди ќе бидат поставени на неколку локации во градот, информираат од општината.

Leave a Reply