„Еленор“ однесе шест животи во Франција, во Шпанија војската спасува заробени во снег

Сподели со своите пријатели

Тело на еден 18-годишник кој исчезнал во четврток во средишниот дел на Франција за време на бурата Еленор, пронајдено е денеска, со што бројот на жртвите од невремето со силни ветрови и поплави, порасна на шест.

Полицијата го пронашла телото на 500 метри од местото на исчезнувањето. Еленор однесе шест животи, а се трага по уште тројца.

Пенаесет окрузи во Франција денеска беа на готовст поради опасност од поплави, по поминувањето на Еленор која предизвика штета од 200 милиони евра, според првичните проценки.

Шпанија пак денеска испрати 250 војници да спасат илјадници возачи и патници од автомобилите кои се заглавиле претходната ноќ додека паѓал силен снег.

Ангажирани се две специјализирани чети војници и 95 возила за чистење за да се стигне до 3.000 возила заробени под снего, долж 70 километри автопат. Од камион се делат топли напитоци и облека, објавува шпанската телевизија.

Метеролошката служба на Шпанија денеска за 37 покраини издала предупредување за силен снег, ветер, но и обилни врнежи од дожд.