Електрични апарати и девизи запленети на Граничниот премин Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатите две недели, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани фалсификати, семенски материјал, читачи за патарина, употребувани алати, регистарски таблички, облека, девизи и цигари, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Седум употребувани електрични алати и апарати (хилти, штрафилица, косилка, машина за чистење, агрегат и машина за перење автомобили) и 1 нов калорифер, откриени при контрола на швајцарско комбе, управувано од македонски државјанин и пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце Автопат. Непријавените производи пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

 

Loading...

 

Вкупно 3.800 швајцарски франци и 850 евра, откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи швајцарски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце Автопат. Патникот пријавил дека со себе носи околу 2.000 евра, но при извршениот личен претрес, во џеб од неговите панталони, биле пронајдени 2.850 евра и 3.800 швајцарски франци за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот прекршок поведена е прекршочна постапка.