Електрични алати, електрични велосипеди и обувки запленети на ГП Табановце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Вкупно 29 електрични алати, 11 двогледи, 64 пара обувки и 2 електрични велосипеди, биле откриени во два одвоени случаи, при контрола на еден автомобил и еден автобус, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Loading...

Како што информираат од Царинската управа на Република Македонија, во првиот случај, во 3 торби сместени во багажниот простор на македонски автобус што сообраќал на релација Дизелдорф – Дебар, биле пронајдени 29 електрични алати (дупчалки и штрафилки), 11 двогледи и 64 пара обувки (патики и работнички чевли). Непријавените производи се привремено задржани, а против сопственикот, македонски државјанин кој патувал со автобусот, е поведена прекршочна постапка.

Во вториот случај, во багажникот на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, биле пронајдени 2 електрични велосипеди марка PIAGGIO WI со опрема (полначи за батерија, дисплеи за велосипед, код картички, клучеви, катадиоптери и ранци), кои биле прекриени со кутии со производи од ИКЕА. Велосипедите, за кои возачот изјавил дека се купени во Скопје и дека претходно ги изнел од Република Македонија, но не приложил документ како доказ, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Според соопштението на Царинската управа, 135 парчиња употребувани автоделови (ладилници за интеркулер, инструмент табли, пумпи за гуми, вентилатори за систем за греење, ракети за волан, модули за палење, употребувани гуми и други) и еден употребуван моторцикл, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски камион натоварен со употребувани  автоделови од испраќач од Германија, наменети за увозник од Скопје, пријавени за увозно царинење во царинската испостава Скопје 1. Производите, кои не биле опфатени со царинската декларација, се привремено задржани, а против увозникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Leave a Reply