Екстремните температури до утре, нови врнежи од петок

Сподели со своите пријатели

Времето утринава беше умерено до значително облачно, во Крива Паланка и Битола има слаби врнежиод снег и дува слаб северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во јужните делови претежно облачно со локален слаб снег. Во северните делови ќе има намалена облачност и ќе преовладува умерено облачно време. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе се движи од -9 до -3 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со провејување на слаб снег во одредени делови. Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец, а максималната дневна температура ќе изнесува -8 степени. Во текот на ноќта се очекува поголемо разведрување што ќе донесе температура 18 степени под нулата.

И утре изутрина утринските температури на повеќе места ќе бидат под -15 степени, а дневните ќе бидат во благ пораст. Позначителен пораст на температурата ќе има од петок.

Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежи ќе има во сабота кога во западните делови ќе се формира нова снежна покривка