Екстази запленети во автомобил на патниот правец Крива Паланка – Куманово (фото)

Сподели со своите пријатели

Мобилните тимови на Царинската управа на Република Македонија  во соработка со инспектори од Министерството за внатрешни работи, заплениле 5 таблети екстази, откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, кој се движел на патниот правец Крива Паланка – Куманово, стои во извештајот од управата за последните две седмици од 2017 година.

 

Loading...

 

Контролата била извршена во царинскиот магацин на Детоил, во близина на Куманово, при што под патосницата пред возачкото седиште било пронајдено пластично кесиче со 5 розеви таблети, за кои по извршено тестирање со тестер за дрога, добиени се индикации дека се работи за наркотичка дрога екстази.

Лицето и дрогата се предадени на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.